Правните лица имаат обврска, најдоцна до 27.04.2021 година, да запишат вистински сопственик во „Регистарот за вистински сопственици“. (Трговците поединци и самостојните вршители на дејност не се обврзани да запишуваат крајни сопственици во регистарот.)
Запишувањето на вистинскиот сопственик можете да го извршите и самостојно но за тоа ќе ви биде потребен дигитален потпис и токен. Адвокат Александар Бежовски Скопје, за да излезе во пресрет на потребите на фирмите, го врши уписот во регистарот во ваше име за надомест од 1500 ден., со што ќе ги избегнете баналните бирократски процедури. (Тел: 078 360 960).
Со Законот за Спречување Перење Пари и Финансирање на Тероризам (Службен весник бр.120/18 и 275/19 и 317/20), се воспостави „РЕГИСТАР НА ВИСТИНСКИ СОПСТВЕНИЦИ“ преку кој во електронска форма ќе се овозможи евидентирање, обработка, чување и размена на податоци и документација за крајните сопственици на правните лица.
Законска обврска да запишат вистински сопственик во регистарот имаат следните : трговски друштва, подружници на странски трговски друштва, сојузи, здруженија, фондации, адвокати, нотари, комори, синдикати, задруги, верски заедници итн.
Подетални информации околу записот и промената на вистинските/крајните сопственици, обврзани субјекти, рокови како и за процедурата може да добиете на тел: 078 360 960 како и на е-пошта на: advokat@bezovski.mk