Отворање на фирмаПроцесот на основање, отворање на Фирма или регистрација на трговско друштво, се спроведува од овластен регистрационен агент (адвокат) кој по електронски пат ги доставува потребните документи до Централен регистар на Република Македонија.

Основањето на фирма, како и подготовката на целокупната документација, во ваше име целосно ќе ја изврши Адвокат Александар Бежовски (на advokat@bezovski.mk или на Тел:  078 360 960) при што отворањето на фирмата може да се заврши најбрзо за 24 часа доколку навремено се обезбедат сите потребни документи и потписи од основачите и притоа не постојат правни и бирократски пречки.

 

Правните форми за основање на фирма кои ви стојат на располагање во Р.Македонија се:

  • ТП (Трговец поединец) без паричен влог
  • ДООЕЛ (Друштво со ограничена одговорност со едно лице основач) со минимален паричен или непаричен влог од 5000 евра
  • ДОО (Друштво со ограничена одговорност со 2 до 50 основачи) со минимален паричен или непаричен влог од 5000 евра
  • АД (Акционерско друштво)

За детали во врска со разликите и предностите на овие форми на друштва обратете ни се преку advokat@bezovski.mk или на Тел:  078 360 960.

Постапка за основање / отворање на фирма:

  1. Избор на правна форма (ТП, ДООЕЛ, ДОО, АД) и тип на основачки влог.
  2. Избор на назив на фирма и дејност
  3. Потпишување на потребни документи за основање (види подолу)
  4. Електронско доставување на документите до Централниот Регистар
  5. Чекање на одговор од Централен Регистар (во рок до 5 дена – најбрзо за 24 часа)
  6. Подигање на решение за ново-основаната фирма
  7. Изработка на печати
  8. Отворање на сметка во банка

Потребни документи за основање на фирма:

За Основање на ДОО или ДООЕЛ:otvaranje na firma

– Договор за основање на друштвото (За ДОО)

– Изјава за основање на друштвото (За ДООЕЛ)

– Фотокопија од лична карта или пасош (за основачите)

– Фотокопија од доказ за регистрација на правно лице (ако основач е правно лице)

– Доказ за уплата на паричниот влог

– Проценка на непаричен влог

– Договор за непаричните влогови

– Доказ за сопственост (за движни или недвижни ствари како влог)

– Одлука за избор на управител

– Изјава по член 183 од ЗТД од управителот на друштвото

– Изјава по член 29 и 32 од ЗТД

– Одлука за основање на подружница

За Основање на трговец поединец (ТП):

– Пријава за упис (согласно член 14 од Закон за Трговски Друштва – ЗТД)

– Фотокопија од лична карта или пасош

– Изјава по член 29 од ЗТД

– Одлука за основање на подружница

Подетални информации околу постапката и документацијата за основање на фирма може да добиете на тел: 078 360 960 како и на е-пошта на: advokat@bezovski.mk

Основање / Отворање на Фирма