Процесот за избор на стан е долготраен и мачен процес и секако треба да отпочне со проверка дали продавачот продава свој стан. Иако постапките може ви изгледаат банално, но за да ги заштитите  своите права и имот мора да се движите чекор по чекор затоа што иако поретко сепак секогаш постои можност за измама и треба да се биде внимателен.

За недвижност е потребно да се провери дали постои имотен лист, дали има воспоставено хипотека, доколку се работи за стар стан/изграден или дали станот или објектот во градба  ги има сите потребни дозволи одобренија за градба  односно дали има лист за предбележба.

Праксата наложува и покажува дека секако најдобро е прво да се склучи преддоговор особено доколку  се одлучите за опцијата за кредитирање на недвижноста преку банка.

Договорите и преддоговорите за купопродажба на недвижности според законските одредби задолжително мора да се  склучени во писмена форма.

Договорот и преддоговорот треба да бидат составени и заверени од адвокат кој што ,секако, вие треба да го изберете  со внимание.

Деталите  во договорите треба внимателно да се разгледаат и состават се со цел да ги избегнете подоцнежните проблеми кои што може да ви нанесат материјална штета, пред се и дополнителен стрес и нервози.

После внимателно составен договор или преддоговор следи  заверка на истите  од страна на адвокат со печат и потписи. Преддоговорот веднаш се заверува нотарски.

Додека пак, финалниот договор се носи во локалната даночна канцелари за утврдување на данокот на промет на недвижноста. После уплатата  на данокот истиот задолжително се заверува се  кај надлежен нотар.

После сите завршени процедури договорот се поднесува за да биде процесуиран  во катастарот на недвижности.

Општо правило,  според ЗОО, предметот за кој е склучен  договорот мора да биде во промет, па оттука ништовен е договорот за продажба на предмет кој е надвор од прометот. Продажбата исто така може да се однесува и на иден предмет, во случајот може да биде и стан односно недвижност во изградба.

Пример за договор за купопродажба на недвижен имот (стан) ( Симни PDF)

Адвокатската канцеларија на адвокат Александар Бежовски ви нуди професионална  услуга за состав на преддоговор и  договор за купопродажба на недвижности по поволни цени. Повеќе на advokat@bezovski.mk или на Тел:  078 360 960

СОСТАВУВАЊЕ НА ПРЕДДОГОВОР И ДОГОВОР ЗА КУПОПРОДАЖБА НА СТАН / НЕДВИЖНОСТ